09. Veljača 2018 - 21:00

Партибрејкерс во МКЦ, Hrvatska, Petak, 09. Veljača 2018

За следната година, поточно за 9 февруари 2018-та го најавуваме концертот на ПАРТИБРЕЈКЕРС.

Според нашите истражувања, Брејкерси немаат свирено во МКЦ уште од 11 декември 1992 година (исправете ако грешиме), и исто исправете ако грешиме, ама сеќавањата велат дека последен концерт во СКопје е во 2008 година на мото фестивал на саем на отворено.

Наместо класична најава, извадок од „Дневникот на еден 13-годишник“ во врска со концертот во МКЦ во 1992:
„Среќа дека имам постар брат и дека сака да ме влече по концерти. Не беше лоша година, два пати ЕКВ, и еднаш Електрични оргазам, едвај чекам вечер да ги гледаме и Партибрејкерс.
МКЦ преполно, панкери, скинери, секаков тип луѓе. Почнува концертот и одма сфаќам дека ова нема да биде баш ист концерт како минатите, публиката е полудена, пола сала е у „шутка“, се повлекувам на скалите горе од кај што можам да гледам подобро.
Сфаќам дека Цане е луд, го плукаат, го вреѓаат, нему како да му се свиѓа сето тоа. Завршува - Оно што покушавам - и Цане вика: „Ово су вам задњи дани слободе, зато се лепо проведите“.
Реченица што на момент ми го смени текот на концертот и која сигурно ќе ми остане врежана во глава, но на кој му е гајле....
Дури и ако навистина се последни денови на слободата, не пропуштам да се спуштам доле на - 1000 година - и со 1000 разулавени луѓе да пеам на цел глас:
Знак кад би живео 1000 година
цео би ми живот стао у један дан
а један позив мења све...“

Билети во продажба од понеделник 11.12. по цена од 250 денари.
Цената на билетите се менува на 350 денари од 01.01.2018.
Во продажба преку продажните мрежи на MkTickets, Купи Карти За Се и на Билетарница МКЦ.

Се гледаме во МКЦ

Petak, 09. Veljača 2018, Hrvatska, Партибрејкерс во МКЦ

Pronaći više zanimljivih događanja
Dobiti preporuke o događajima na temelju svoje Facebook ukusu. Nabavite ga sada!Pokaži mi odgovarajuće događaje za meneNe sada