Борко Лазески Borko Lazeski / Изложба Exhibition Ekspozitë, Hrvatska, Četvrtak, 15. Veljača 2018

Борко Лазески (Прилеп, 22 октомври 1917 - Скопје, 16 јуни 1993) е еден од најпознатите македонски сликари, втемелувачи на модерниот израз во македонската современа уметност, и секако најпознатиот монументалист во Република Македонија.

Во 1937 година ја завршува Уметничката школа во Белград, од 1939-1941 студира на Ликовната академија во Белград во класата на проф. Мило Милуновиќ, а од 1941-1943 ги продолжува студиите на Државната Ликовна академија во Софија, кај проф. Никола Ганушев, каде што дипломира.
Во текот на својот живот Борко Лазевски е добитник на повеќе награди и признанија за изработка на фрески, мозаици, витражи, како и за долгогодишна плодна активност во областа на ликовната уметност. Во 1978 година Борко Лазески ја добива Октомвриската награда на СР Македонија за животно дело, а во 1988 година Орден на заслуги за народ со златна ѕвезда.

Изложбата посветена на 100 годишнината од раѓањето на Борко Лазески ќе се отвори во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам на почеток на 2018 година по барање на семејството и по повод одбележување 70 години постоење на Националната галерија на Македонија, во чие формирање учествувал како прв в.д директор.

Проектот посветен на Борко Лазески, кој го реализира Националната галерија на Македонија, е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Во проектот се вклучени повеќе институции од Република Македонија: Музеј на град Скопје, Музејот на современата уметност - Скопје, Музеј на Македонија, Македонска академија на науките и уметностите, Историски музеј Крушево, Завод и Музеј Прилеп, Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево, Народна банка на Република Македонија, Собрание на Република Македонија, Министерство за одбрана (Касарна Велес), Служба за општи и заеднички работи на Влада на РМ, Македонски пошти Битола итн.

Сликите се дел од колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Četvrtak, 15. Veljača 2018, Hrvatska, Борко Лазески Borko Lazeski / Изложба Exhibition Ekspozitë

Volkswagen 23. Ljubljana marathon

Volkswagen 23. Ljubljana marathon

Subota 27. Listopad 2018
Zagrebački noćni cener 2018.

Zagrebački noćni cener 2018.

Nedjelja 04. Studeni 2018
Krankšvester u Domu sportova
Subota 27. Listopad 2018
Nipplepeople u Rijeci
Subota 20. Listopad 2018
5. Sarmijada / Bačka Topola
Nedjelja 04. Studeni 2018
Havana en Belgrado 8
Četvrtak 08. Studeni 2018
Lav V Operation BLACK ROCK
Subota 27. Listopad 2018
Pronaći više zanimljivih događanja
Dobiti preporuke o događajima na temelju svoje Facebook ukusu. Nabavite ga sada!Pokaži mi odgovarajuće događaje za meneNe sada